„Курир“: СДСМ тепа и злоупотребува новинари

СДСМ не пропушти да го злоупотреби за свои партиско политички цели и најновиот случај на физичкиот инцидент кој му се случи на Марјан Стаменковски. Тие без било какви сознанија, а уште помалку докази и аргументи излегоа да обвинат дека зад нападот стои политичка заднина што само ја покажува нивната желба да прават политика и да ја злоупотребуваат новинарската фела, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека без да се навлегува во причините и предизвикувачите на физичкиот напад врз Марјан Стаменковски, што треба да го расветлат институциите, познато е дека тој со својот говор на омраза, со јавниот линч и непрофесионалност како и рушење на новинарските стандарди создава многу противници во сите области и полиња.

„Тој иако не е новинар, со своите, по дефиниција рекетарски текстови многу често се нафрлал врз бизнисмени, естрадни уметници, пеjачи, со непотврдени информации клеветел и создавал забуни што самото покажува дека зад неговиот напад може да стои било кој од оние кои биле предмет на непрофесионалниот однос. Агресијата е недозволива врз било кој и не е потребно да се поддржува и истата треба да се осуди, но исто така треба да се осуди и злоупотребувањето и лепењето без докази на етикети“, пишува „Курир“.

Како што нагласува порталот, за иронијата да биде поголема Шилегов и СДСМ денес се надополнија во целиот контекст и веднаш се ставија во улога на обвинител и судија и проценија дека зад нападот на Стаменковски стои власта.Сепак СДСМ не извади ниту еден единствен аргумент за ова тврдење.

„Курир“ коментира дека ако се тргне настрана фактот дека СДСМ луѓето како Стаменковски и Саше Ивановски ги користи за топовско место за водење на валкана кампања дебело финансирајќи го нивниот труд, од партијата до сега ниту еднаш не го осудија говорот на омраза со кој потикнуваат и повикуваат на агресија.

Од друга страна најголемо лицемерие е да СДСМ и Шилегов глумат душегрижници, а во исто време нивни активисти да вршат насилство и агресија врз новинари.

„Курир“ накратко потсетува на случаите каде директно луѓе од СДСМ стојат врз напади на новинари:

Братучедот на Шекеринска, Никола Наумовски го нападна новинарот на Вистина Антонио Димитриески пред своето работно место.

Поддржувач на СДСМ го нападна Јанко Илковски пред неговата семејна куќа, а Саше Политико вербално го нападна со можност за физички напад Јанко Илковски пред неговото работно место во Сител Телевизија;

Петрит Сарачини од СДСМ го нападна со метална шипка новинарот на МИА и дописник од Брисел Бобан Нонкович;

Коалицискиот партнер на СДСМ Аднан Ќахил и членови на СДСМ нападнаа недолжни граѓани велосипедисти пред кампот на СДСМ во центарот на градот.

Стојанче Ангелов во повеќе наврати отворено повикува на физичка пресметка Исто така тој упадна, вербално го нападна и сакаше да се пресмета со новинарот на Нетпрес Дејан Николовски.

Загрижувачко е тоа што за сите овие инциденти и СДСМ и еснафското здружение ЗНМ премолчеа и нејобјавија никаква осуда со што придонесуваат за потикнување и одобрување на насилство врз новинари. Насер Селмани  со својата работа се стави на располагање на раководството на СДСМ и како на дугме реагира селективно и само доколку тоа е партиски интерес на СДСМ.