„Курир“: СДСМ и Заев зборат за слобода, а каменуваат медиуми

Лажна борба за слобода на медиуми води СДСМ на чело со Зоран Заев. Тие не само што ги прогласија медиумите за свои најголеми непријатели, туку почнаа и да ги каменуваат.

Имено, хулиганите кои протестираат поддржани и поттикнати од СДСМ, синоќа  удрија по приватните медиуми.

Мета на насилниците кои уништуваат историски знаменитости, споменици и објекти, доцна синоќа беше телевизија Сител.

Тие удрија по објектот во кој е сместена телевизијата, ја офарбаа со боја.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев кој пред два дена ги предводеше вандалските протести во Скопје, а во кои повторно настрада фасадата на Министерството за правда, се обиде да го релативизира вандалскиот однос кон уништувањето на јавни објекти нарекувајќи го перформанс, додека пак себеси – хулиган, пишува Курир.

Со актот на вадализам, Заев ја легализира Шарената револуција и го покажа вистинското лице, дека токму тој стои зад неа. Лидерот на СДСМ со самото тоа ги поттикна демонстрантите и понатаму да вандализираат.