сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 44

„Курир“: Сопругот на Ременски повеќе не е советник во кабинетот на Директорот на УБК

Сопругот на Ременски повеќе не е советник во кабинетот на Директорот на УБК. Управниот суд ги стави вон сила сите 29 незаконски решенија кои ден пред Нова Година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пишува „Курир“.

Oliver-Spasovski-Frosina-Remenski-735x400-640x348

Поврзани вести

Сопругот на Ременски повеќе не е советник во кабинетот на Директорот на УБК. Управниот суд ги стави вон сила сите 29 незаконски решенија кои ден пред Нова Година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи,  Оливер Спасовски, пишува „Курир“.

Судот практично ја прифати тужбата на заменикот министер Митко Чавков и изрече времена мерка со која тие се ништовни се до донесувањето на конечна пресуда. Пет од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.

Со одлуката автоматски се поништуваат и решенијата со кои Спасовски незаконски си назначи нови началници. Истото важи и за разрешениот началник на одделението за полиција во Охрид каде Спасовски постави свој човек против кого се водеше дисциплинска.

Управниот суд со времена мерка ги стави вон сила и незаконските решенија на Оливер Спасовски со кои спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени уште 17 лица , партиски кадри на СДСМ.

Некои од нив од страна на Спасовски, незаконски беа подигнати и по 7 нивоа во хиерархијата на министерството.

Таков беше примерот со сопругот на Фросина Ременски кој од инспектор во полициската станица Гази Баба пред Нова Година доби решение со кое беше прераспореден во кабинетот на директорот на УБК. Подеднакво скандалозно беше унапредувањето на неколку нивоа и на вработен во МВР кој со првостепена пресуда беше осуден на неколкугодишна казна затвор за случајот Шпиун.

Најчитани вести