Курир: СОРОС со буџет од неверојатни пет милиони евра ставени на располагање на опозицијата

Маршот на проститутките, односно маршот на црвените чадори кој беше одржан за прв пат во Скопје пред два дена ја фокусираше јавноста кон правата на жените кои решиле да се занимаваат со најстариот знает, но и го покрена прашањето на слободата и правата на жените во Македонија, објави информативниот портал „Курир“.

bilans

Изјава, како преставник на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници даде Ирена Цветковиќ која го поддржа протестот. Интересно е да се види позадината на целиот овој несекојдневен и одеднаш организиран јавен настан. Еден од главните спонзори на Коалицијата која го поддржа протестот е Институтот Отворено Општество, чиј извршен директор е Владимир Милчин.

ujp-zavrsna

Фрапантен е податокот кој може да се види од даночната пријава на Институтот Отворено Општество поднесена за фискалната 2012 година во кој стои дека СОРОС Македонија остварил приходи од  296 866 982 денари односно 4 811 458 евра  за само една година. Од пријавата се гледа дека 116 988 553 милиони денари или 1 896 086 евра се потрошени на име за донации. На даночната пријава стои потписот и името на нејзиниот извршен директор Владимир Милчин.

Како и за што се потрошени скоро пет милиони евра

Познато е дека СОРОС Македонија односно Институтот отворено општество важи за близок до Социјалдемократскиот сојуз, и повеќе пати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во насока на креирање на негативно мислење за политиките на владата и креирање на атмосфера за поддршка на опозицијата за што сумата од близу 5 милиони евра им е од исклучителна голема полза.  Тука се вклучуваат и споредните кампањи кои имаат за цел креирање на мислење дека се загрозува слободата во државата, чиј крајна цел е создавање на впечатокот дека Владата е таа која првенствено ја загрозува. Од институтот не може да се добие прецизен извештај за тоа како во детали се потрошени овие пари, но затоа може да се определат организациите кои добиле пари од СОРОС Македонија.

На списокот е Транспарентност Македонија каде актуелни членови се Гордан Георгиев пратеник од СДСМ, Ванчо Узунов поранешен претседател на оваа организација, а сега потпретседател на СДСМ, Ѓунер Исмаил член на повеќе органи на СДСМ, Ферид Мухиќ поранешен советник на Бранко Црвенковски,  Сашо Орданоски и Дане Талески СДСМ.

transparentnost

Потоа друга организација е и МЦЕО-Македонски центар за европско образование каде доскорешен директор беше Лидија Димова, актуелен претседател на советот за евроинтеграции на СДСМ, во оваа организација која добивала пари од СОРОС Македонија е и Лилјана Шекеринска – Ѓорѓевиќ сестра на заменик претседателот на СДСМ која е член на извршниот одбор на оваа организација.

dimova

 

mceo

Уште една организација која земала пари од Сорос Македонија е Македонскиот хелсиншки комитет кој е без меѓународна лиценца на Хелсиншкиот комитет кој се затвори од пред  во чиј управен одбор се новинарот Борјан Јовановски, Љубомир Фрчковски кој е член на повеќе партиски совети на СДСМ, и Маргарита Цаца-Николовска која е актуелна претседателка на советот на СДСМ за Советот за политички систем. Искра Гешовска, извршен директор на невладината културна организација „Контрапункт“ , Лина Уновска, сопруга на режисерот и министер во владите на СДСМ Слободан Унковски. Колку од вкупната сума од буџетот на СОРОС за 2012 година која изнесува 4 811 458 евра била распределена за овие организации преставува енигма.

helsinski-500

Си признаваат дека земаат пари од Соросовиот Институт Отворено општество, плукаат по Владата

Уредникот на Плусинфо и весникот Слободен печат, Бранко Геровски експлицитно наведе дека СОРОС е финансиер на неговата работа.

Героски во неговата колумна „Ало, дечки, доста трошите пари за глупости“ објавена на Плусинфо, пишува дека одлуката на Соросовата фондација директно да ги поддржува критички критички настроените медиуми е историски важна за опстанокот на овие медиуми.

geros

-Засега единствената фондација која некако пркоси на оваа логика и директно ги помага медиумите е Соросовата фондација – може да се разговара за тоа дали тоа се прави најумесно и најефективно, но нејзината одлука директно да ги поддржува критички критички настроените медиуми е историски важна за опстанокот на последните островца на слободната мисла во оваа земја!, пишува Героски во колумната.

Героски, кој во јавноста важи за голем критикувач на актуелната власт и силен поддржувач на политиката на СДСМ, појавувајќи се и на неколку митинзи на опозицијата каде имаше дури и свои говори, овој пат јасно го призна она што цела јавност го знае, дека критички настроените медиуми кон власта, меѓу кои е и Плусинфо директно се поддржани од фондацијата СОРОС.

Порталите Либертас и Плус инфо чеда на Соросовиот институт отворено општество

Двата проекти се целосно финансирани од Сорос Македонија на Владе Милчин. Либертас е сестрински сајт на Плус инфо. Двата сајта имаат иста адреса на функционирање регистрирана во Марнет. Улица Франклин Рузвелт број 5.

Кој и колку точно земал од овие пари од буџетот на СОРОС останува тајна. Иако се обративме до фондацијата Отворено општество и побаравме став како се потрошени овие пари, добивме само краток одговор дека на официјалниот нивен сајт е објавен годишен извештај, во кој, како што ни рекоа од Фондацијата, детално има кој колку добил. Сепак, во годишниот извештај не може да се најде како во детали се потрошени средствата.  Останува тајна начинот на кој се распределени овие средства и вкупните суми со кој се финансира мрежата на невладини организации и експерти ставени во функција на опозицијата.