„Курир“: Спасовски користи државно обезбедување, а како министер не направи ништо за државата

Оливер Спасовски во македонската политичка историја, како министер, ќе биде запаметен по три работи: стана министер без да биде одбран од народот, спроведе неверојано скапа акција  во која не уапси ниту едно лице, како и министер кој и по краткиот мандат бара обезбедување од МВР, пишува „Курир“.

Денеска МВР реагираше на соопштението на СДСМ:

„Впрочем без разлика на кусиот мандат и техничкиот министер г-дин Оливер Спасовски ја користи оваа Уредба и има побарано и добиено двајца полициски службеници и две возила како обезбедување од Министерството за внатрешни работи.“

Зад себе, Спасовски не остави ништо и покрај тоа што имаше шанса, додека беше на функцијата министер за внатрешни работи. Единствено нешто, што во неговата биографија ќе биде запишано е дека спроведе една единствена акција во Липково која немаше апсолутно никаков успех, освен бесцелно потрошени пари и ресурси на МВР.

За потсетување, акцијата која ја спроведе Спасовски во Липково чинеше над 170.000 евра. Беше спроведена  во април годинава.

Спасовски тогаш ангажирал 1495 полициски службеници кои за потребите на акцијата реализирале 32.226 работни часови, за што граѓаните платиле 130.684 евра. При тоа во акцијата не беше уапсено ниту едно лице.

Ако Спасовски не спроведе ниту една акција и не уапси ниту едно лице, зошто му е обезбедување од  државата, кога де факто, нема кој да му е „лут“?

Јавноста памети и дека главна преокупација на Спасовски во неговото кратко и исклучително неуспешно министерување беше каков автомобил ќе вози и каков мебел ќе има во својата канцеларија, а на прес конференциите се фокусираше на тоа, кој какво обезбедување имал.