четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: Спасовски почна, а активисти на СДСМ го следат во омаловажувањето на хероите од Диво Насеље

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, денес не се појави да им укаже чест на хероите кои ги жртвуваа своите животи да ја одбранат Македонија. Спасовски денес не најде време да искаже јавна благодарност до припадниците на македонските безбедносни сили кои лани ги положија своите животи во Диво Насеље во тешка битка против терористите, пишува „Курир“.

Последни вести

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со „Орден за воени заслуги“. Иванов посмртно со „Медал за храброст“  ги одликува осумтемина загинати припадници на безбедносните сили на МВР на 9 мај 2015 година, при антитерористичката операција во Куманово.

Спасовски денес го игнорираше ова одликување и наместо да се заблагодари и да искаже почит, тој даде “зелен сигнал“ за да отпочнат навредите и омаловажувањата од страна на членови и симпатизери на СДСМ кон нашите херои.

stavre-fb bobi-fb

Оливер Спасовски е човекот кој наместо да ги посети полицајците кои беа повредени во жестоката битка, заедно со партискиот лидер Зоран Заев правеше насмеано “селфи“ на местото каде загинаа бранителите.

zaev-divo-naselje2

zaev3divonaselje

zaev_spasov_divonaselje-768x433

Со смртта на македонските херои тогаш се исмеваше и партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

kamaj-1

Гласноговорникот на СДСМ, Тричковски, во свој познат безобразен, морбиден стил тој ден посака да има уште повеќе жртви:

bt2

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ посмртно се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, загинати како припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи. СЛАВА ИМ!

Најчитани вести