„Курир“: Спасовски штити и поттикнува хаос и безредие

Полицијата предводена од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски без никаков отпор ги пушти демонстрантите да го пробијат кордонот и да го заземат просторот каде пред неколку дена беше поставен темелникот за изградба на крст во општина Бутел, пренесува „Курир“.

Дел од медиумите известуваат и дека новинарски екипи биле попречувани да го снимаат инцидентот од страна на демонстрантите.

Урната оградата околу темелникот каде треба да биде поставен крстот во општина Бутел, запалена палма, поставување на шатори…

protsti-butel-640x366

Иако присутна на протестот, полицијата не реагира на демолирањата. Наместо спречување на евентуална ескалација на протестот , се чини дека полицијата предводена од Спасовски нема наредба за реагира.

Ваквиот однос остава сериозен простор за сомнеж дека Спасовски штити и поттикнува хаос и безредие наместо да се погрижи истото да биде спречено и ситуацијата да се стави под контрола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.