„Курир“: Спасовски почна во пракса да ги реализира заканите на Заев

Со незаконските смени во министерството за внатрешни работи, техничкиот министер и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски почна во пракса да ги спроведува и реализира заканите на неговиот лидер Зоран Заев искажани изминативе години. Чистката со која Заев се закануваше преку неговата фамозна изјава за смени од „хигиеничарка до министер“, Спасовски почна да ја спроведува на дело, пишува „Курир“.

Порталот потсетува дека во текот на вчерашниот ден, Спасовски без никакво образложение и без правна поука, надвор од законот, потпишал решенија со кои се разрешуваат првите луѓе на скопската, кумановската, битолската, велешката и охридската полиција.

Веднаш по ваквата негова скандалозна постапка со која менува врвни професионалци во МВР, се постави прашањето дали техничкиот министер повлекува нога, па на ден пред Нова Година, сака да создаде паралелен безбедносен систем во МВР?

Спасовски направи чистка во секторите за внатрешни работи

Само по два месеци од стапувањето на функцијата, Спасовски удри радикално, направи чистка во секторите за внатрешни работи.

На отстрел ги стави началниците на Скопје, Битола, Куманово, Велес, и Охрид, решенија дека ги тргнува од функција им поделил на првиот човек  на скопската полиција Ивица Вучевски, на битолската Методија Атанасовски, на кумановската  Моме Јакимовски, велешката Петре Игнов  и на началникот на СВР Охрид Оливер Ефтимов.

Спасовски освен…