сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 17

„Курир“: Срам за правосудниот систем

Специјалното обвинителство во недостаток на докази се служи со брутални притисоци врз сведоци и нудење мито, за што досега се поднесени повеќе кривични пријави.

„Курир“: Срам за правосудниот систем

„Курир“: Срам за правосудниот систем

Последни вести

„Знаеш како викаше Цацко… Шо мислеше шо мислеше ка се онадеше…“. Ова се аргументите и ова е начинот на кој се обраќаат членови на тимот на Катица Јанева кон осомничените, дури и пред Судот каде согласно закон обвинителите треба да бидат еднакви со одбраната.

КУРИР објави дека ваквиот испад и арогантно однесување си го дозволила обвинителката од Радовиш Лиле Стефанова и дека нејзиниот недоличен настап нашироко се коментира и осудува меѓу колегите кои засега само во непосредните контакти се оградуваат од неа.

Сепак, ова не е прв испад и недоследно, односно арогантно однесување на обвинителите од тимот на Катица Јанева, кои мислат дека се над сите во оваа држава. Претходно, медиумите објавија дека не запираат заканите и притисоците од Специјалното обвинителство, кое на ваков начин се обидува да изнуди лажни искази од сведоци.

Ова не е прв случај Специјалното обвинителство во недостаток на докази да се послужи со брутални притисоци врз сведоци и нудење мито, за што досега се поднесени повеќе кривични пријави.  Повеќе лица досега се жалеа дека биле уценувани, понижувани и заплашувани, поради што поднесоа кривични пријави против специјалното јавно обвинителство.

Уште еден апсурд кој предизвика потсмев во јавноста е барањето на Јанева до Судот да ја чека за рочиштетот во предметот „Пуч“ цел месец, бидејќи во април имала свадба.  Меѓу останатите образложенија за одложувањето, специјалната обвинителка ги наведе и прватните обврски, поточно свадбата на нејзината ќерка закажана за првата половина на април.

Претходно, во постапката за случајот „Титаник“, Јанева и нејзиниот тим бараа притвор само врз основа на исказ на сведок претходно подготвуван во кабинетот на Оливер Спасовски, кој пак како генерален секретар на СДСМ е подносител на пријавата, преседан кој според експертската јaвност е и политички и правен.

Јавноста беше  сведок на кривична пријава против вработен од МВР, кој нудел пари за лажно сведочење, а излегоа и десетици пријави за малтретирање во службата. На 5-ти минатиот месец Јавното обвинителство соопшти дека против вработен во МВР е поднесена кривична пријава за  незаконско влијание врз сведоци, пишува „Курир“.

Полицискиот службеник кој вршел притисок и нудел поткуп до 100.000 евра на лице кое требало лажно да сведочи за дискредитација на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, ќе одговара кривнично.. Истрагата утврдила дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел тоа лице да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.

mile-tv-nova

Арогантен и насилен однос на СЈО

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во вчерашното интервју за НОВА ТВ вели дека  не биле приложени никакви докази, немало никакви аргументи, ни зошто се поднесува барање за истрага, ниту пак барање за притвор. Нагласува дека начинот на однесување на СЈО бил арогантен и со сила.

-Од она што можев да го прочитам во јавноста е дека тие многу се однесувале арогантно, дури за определени лица и со закани, на едно лице понудиле и мито, но јас можам да кажам само за мене, односно како се однесуваа кон мене. Според настанот кој ќе ви го кажам можете да видите како тие се однесуваа. По завршување на распитот имаше подолго време, бидејќи другите лица даваа исказ, разговаравме со обвинителот и ја прашувам, зошто еве барате притвор кога ем немате никакви аргументи, никакви докази, знаете дека не можам да ги уништам материјалите бидејќи сум тука и таа со еден арогантен однос, така со потпевнување ми вика, знаеш ли Цацко како пееше, шо мислеше шо мислеше. Тоа е нивниот однос, начинот на однесување, арогантен однос, со сила и тоа не е добро бидејќи тие не треба да завземаат политичка страна, вели Јанакиески.

Тој нагласува дека СЈО е изгласано со поддршка на сите политички партии и тие треба да работат според правдата, доколку има било какви материјални докази, нагласува Јанакиески ние сме тука, ќе ги соочиме тие докази, но не е добро без никаков материјален доказ, без никаков исказ, без ништо да поднесуваат кривични пријави, да бараат притвор.

– Во самиот конкретен акт што се однесува за мене немаше ниту еден материјален доказ, ниту пак исказ она што ни го прочитаа од самиот документ, бидејќи за жал се уште нашите адвокати, нашите бранители ги немаат добиено документите од СЈО. Се надевам дека тоа многу скоро ќе го направат, но она што го предочија воопшто не доставија ниту еден материјален доказ, а мене ме товарат како шеф на изборен штаб, вели Јанакиески.

Јанакиески нагласува дека такво нешто не постои ниту правно, значи не постои таков документ дека  тој бил шеф на изборен штаб, ниту пак во органограмот на ВМРО-ДПМНЕ постои таква функција.

-Значи ме товарат за нешто што не постои и повторно ќе кажам тоа е една политичка хајка кон луѓе што тие ги утврдиле дека се влијателни во ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да ги отстранат, нивната желба претпоставувам е дека ние определен период треба да бидеме во притвор и потоа незнам три, шест, девет месеци доколку има нешто ќе поднесат обвинение, доколку нема ништо ќе речат немаше ништо, извинете сега можете да одите на слобода, но не можи да учествувате во кампања, не можи да бидете политички активни, едноставно сакаат да нанесат штета на  нас лично ни исто така и на политичката партија на која ние припаѓаме. Значи воопшто не предочија никакви докази. Во однос на мерката притвор, се бараше во однос на две основи. Првиот основ беше дека јас можам да уништам материјали. Имено, се работи за избирачкиот материјал, бидејќи тоа беше предочено како доказ, а избирачкиот материјал беше тука до нас, значи ние седевме во една соба, избирачкиот материјал од општина центар беше тука. Тоа значи дека СЈО се плаши дека јас можи во текот на вечерта да појдам во судот да влезам, да го извадам тој материјал и да го уништам, што нема никаква логика бидејќи судот е добро обезбеден и така натаму, тоа беше првиот аргумент. Вториот аргумент беше дека јас можам да влијаам на сведоци. Тоа јас го кажав и во самата одбрана, тоа го кажаа и моите адвокати дека јас имам дадено исказ уште во месец август бидејќи пријавите од СДСМ претходно беа разгледувани во ОЈО. Во месец август јас дадов изјава и ако сум сакал да влијаам на сведоци сум можел тоа да го направам, вели Јанакиески.

Поранешниот министер нагласува дека ниту влијаел на сведоци, ниту пак планира да влијае. Тоа, ндодава Јанакиески, повторно беше една политичка хајка кон членови на ВМРО-ДПМНЕ, односно СЈО ги исполнува желбите на Заев, впрочем она што го кажа Заев на митингот во Центар тоа го направи СЈО.

 

Најчитани вести