четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: Ванхауте впери пиштол во државата

vanhaute-tviter

Последни вести

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте во најново објавената фотографија на Твитер прикажува вперен пиштол во мачка која се предава и „вели“ дека изборите нема да се одржат на 24 април. На овој начин Ванхауте ја персонализира Република Македонија со мачка во која е вперен пиштол. Но, што сака да порача белгискиот олеснувач со оваа фотографија?

Објавувањето на фотографии со мачки со некакви пораки започна по терористичките напади во Париз минатата година и по полициските акции кои се спроведуваа низ Белгија со цел сузбивање на терористички групи и пронаоѓање на „мозоците“ од Париз за кои постоеја сомневања дека се кријат во Белгија.

За да може рацијата да биде успешно извршена, полицијата побара од интернет корисниците во Белгија да не пишуваат ништо на Твитер, ништо поврзано со операцијата, бидејќи таквите информации би можеле да ја саботираат акцијата и да ги распрскаат групите, пишува порталот Курир.

macki1

 

macki3

 

macki8 macki6

Не е познато кој ја започнал ваквата акција, но она што со брзина на светлината се прошири низ социјалните мрежи, се фотографии од мачки како читаат книги за одбрана, како се заштитуваат, имаат тело на диносуруси  и слично….

macki7

macki4

macki5

Целта била на симболичен начин да се споделуваат информации, да се даде поддршка на полицијата во заштита на државата и граѓаните. Во овој случај мачките ја претставуваат државата, нејзината сувереност, но и граѓаните, истовремено нејзините силни институции кои застануваат во одбарана на државата, а во случајот целата Европска Унија. Симболично, мачката низ историјата на народите има и значење на заштитник.

По ваквите симболики неизбежно е прашањето зошто Ванхауте впери пиштол во државата?

Најчитани вести