„Курир“: Заев го призна поткупот од 200 илјади евра, па се покаја

Менувањето на изјави стана заштитен знак на Зоран Заев. Со секоја изјава влегува во нова лага, поголема од претходната, објавува „Курир“.

Тој вчера во изјава за медиумите, по повод скандалот со видеото на кое јасно се гледа дека бара поткуп од 200 илјади евра, кажа дека средствата ги барал за изградба на струмичка црква, со што што практично го призна постоењето на делото барање поткуп бидејќи дури и да се занемари делот од видеото во кое половина од сумата, со посредство на неговиот брат Вице, бара да му бидат префлени нему, самото барање на поткуп за изградба на црква преставува кривично дело за кое се лежи во затвор.

Денес Заев како да заборавил на тоа што го кажал вчера, изјави дека целото видео било монтирано и доколку се пушти во целост ќе се види дека тој не барал поткуп.

Тој до вчера тврдеше дека барал поткуп, но тоа било за изградба на струмичка црква, а денес си се порекнува самиот и вика дека тоа не е вистина.

– Апсолутно нема ниту индикации за поткуп, а знаете дека поткупот е врзан со пари и знаете дека Заев го пријави поткупот, односно обидот за поткуп, истакна денеска претседателот на опозицијата Зоран Заев.

Заев сепак не објасни како може да се монтира видео на кој јасно се гледа неговиот лик и се слуша неговиот глас како бара мито од 200 илјади евра.

Очигледно ваквото менување на ставовите се должи на советите од неговиот адвокатски тим кој му укажале дека со таквите првични изјави дава директно признание и го потврдува делото. Ова е прв ваков случај да се појави видео материјал каде јасно се гледа дека еден македонски политичар бара поткуп и тоа во ограмна сума од 200 илјади евра.

Она што е фрапантно е тоа што Заев во видео снимката признава дека тоа е редовен начин на работа и преку поктуп се решавале и други зделки и случаи во минатото.

Утринава беше побарана вонредна седница на советот во општина струмица и досега Заев не даде прецизен одговор за нејзино одржување.