петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

„Курир“ : Заев и наложи на Јанева да падне „Пуч“

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска упати порака и наредба до Јанева да падне случајот „Пуч“, а со оглед на тоа дека досега Јанева дејствуваше како продолжена рака на СДСМ останува да видиме дали и оваа негова наредба ќе биде испочитувана, пишува „Курир“.

zaev-janeva-1

Поврзани вести

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска упати порака и наредба до Јанева да падне случајот „Пуч“, а со оглед на тоа дека досега Јанева дејствуваше како продолжена рака на СДСМ останува да видиме дали и оваа негова наредба ќе биде испочитувана, пишува „Курир“.

Инаку, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска за прв пат се појави на рочиште за случајот „Пуч“. Сепак, специјалната обвинителка Катица Јанева ја одложи за денеска најавената главна расправа по овој предмет.

Заев денеска упати порака и наредба до Јанева да падне случајот „Пуч“, а со оглед на тоа дека досега Јанева дејствуваше како продолжена рака на СДСМ останува да видиме дали и оваа негова наредба ќе биде испочитувана.

Иако се исполнети сите предуслови за предавање на материјалите, иако МВР е во рацете на СДСМ  Заев одбива, а специјалната обвинителка ја користи ситуацијата да одолжи смислувајќи услови кои не се издржани по ниту еден основ. Додека од една страна Заев вели дека не биле исполнети условите за предавање на материјалите, неговиот технички министер Оливер Спасовски во Влада кажува дека се исполнети сите услови за предавање на материјалите, пишува порталот.

Иако Заев е законски обврзан да ги предаде материјалите, денес тој одби да го почитува законот и изјави дека ќе ги предаде откако ќе бидат исполнети сите услови. Од информациите до кои дојде „Курир“ токму технички назначениот министер од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски на седница на Влада изјавил дека сите услови се исполнети, но во јавност, неговиот лидер Заев говори друго.

Познавачите коментираат дека Јанева нема повеќе аргументи, особено што вчера Владата донесе одлука за обезбедување на луѓе кои ке се грижат за безбедноста, но и обезбедување на друг технички персонал кој и требал на специјалната обвинителка, хигиеничарки, кафекуварки и слично.

Дополнително, Заев со самото одбивање да ги предаде материјалите директно го крши законот по повеќе основи, но и го повредува Пржинскиот договор на кој јавно се обврза. Тој најмалку четири пати јавно изјавуваше дека согласно роковите веднаш ќе и ги предаде материјалите на Катица Јанева со што уште еднаш докажа дека не си стои на зборот.

Но тој има и законска обврска да го направи тоа, согласно постоечките и претходно важечки закони, но и според законот за заштита на приватноста.

Членот 2 е јасен дека „Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации согласно член 1 од овој закон е должен во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно закон.“

Најчитани вести