„Курир“: Заев прво бараше специјален обвинител, а сега ја бара и Агенцијата за медиуми

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во последното интервју за опозицискиот Фокус ја споменува Агенцијата за медиуми како предмет на преговори. Со други зборови, како што денес пишува порталот „Курир“, СДСМ инсистира да има партиски човек на чело на оваа институција што е обратно пропорционално на сите стандарди и правила.

Според порталот, тоа говори за тенденцијата на опозициската партија за партизација на професионални институции што би било ретрограден чекор назад.

СДСМ под плаштот за бобра за некаква демократизација всушност врши груба партизација и уривање на институциите преку поставување на партиски послушници. Па така, како што на Заев му е потребен специјален обвинител да го ослободи од Пуч сега ја бара и Агенцијата за медиуми за да ги контролира и уценува медиумите, пишува „Курир“.

СДСМ 17 години го поставуваше составот на Советот за радиодифузија

Порталот повикувајќи се на фактите нагласува дека сите три претходни претседатели на Советот од 1995 беа поставени од Собрание на Република Македонија кога имаше мнозинство СДСМ и беа нивни решенија.

Со други зборови сите состави на Советот за радиодифузија во период од 1995 до 2012 или во период од 17 години беа поставени од СДСМ. Во насока на деполитизација актуелната власт изврши и измени со кои за прв пат во оваа тело, предлагачи за членови во советот има повеќе од НЕВЛАДИНИ институции отколку од власта при што влезе на пример адвокатската комора. Тоа беше барање на ЗНМ, инаку блиска до СДСМ и нејзина продолжена рака, стои во текстот на „Курир“.

ЕУ бара департизација

Според „Курир“, ваквите двојни стандарди на опозициската СДСМ говорат за нивната неискреност или пак кога човек на СДСМ не е на власт тогаш институцијата е партизирана.

Ваквата нивна автократска парадигма е извор на продуцирање на кризи во последниве 9-10 години. Департизацијата како процес е и баран од Европската Унија и нејзините највисоки претставници и секако оваа иницијатива на СДСМ е спротивна на сите европски начела.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.