„Курир“: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не ги почитува македонските закони ниту институциите. Тој на суд не се појавува со образложение дека имал службени обврски, а избегнува да ја изврши должноста и одговорноста да се појави во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Поткуп“.

Судењето е одложено за 3-ти март, а дали Заев ќе се појави на истото се уште е неизвесно.

Ова не е прв пат струмичкиот градоначалник да бега од лицето на правдата. Како четвртоосомничен за „Пуч“, лидерот на СДСМ досега неколку пати бегаше и од овој судски процес, се додека случајот не го презеде специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Тогаш Заев немаше никакви други обврски, па се појави, пишува Курир.

Сега Заев повторно избегнува во судница да се соочи со било кој судија или обвинител, ако тоа не е лично Јанева. За нивната поврзаност во работењето досега многу се пишуваше, па не е чудно што Заев само покрај специјалната јавна обвинителка сака да сведочи за случаите каде е тој осомничен.

Тој не е службено зафатен само кога Катица Јанева е обвинителка.

Човекот кој претендира да дојде на власт во Македонија, не ги почитува законите и институциите. Но, Заев пред судот за случајот „Поткуп“ е осомничен дека примил поткуп во висина од 200.000 евра за да изврши легализација на државно земјиште.

Законите во Република Македонија важат исто за сите. Лидерот на СДСМ ќе мора да се соочи со нив, колку и да ги заобиколува, без разлика дали спроти него ќе стои Катица Јанева или било кој друг нејзин колега.