„Курир“: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“

Црпнат, криминалец, антимакедонец, штетник, нарачател на немири – вака се гледа себеси Зоран Заев.

zug

Денеска во електронското издание на еден од мегафоните на СДСМ – Фокус, се појави напис преку кој Зоран Заев реагира на фејсбук статус на директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ.

Жугиќ, видно револтирана од хулиганските и вандалски протести во Скопје организирани од Заев и СДСМ, на својот фејсбук профил напиша статус во кој се осудува дивеењето на ордите на СДСМ низ главниот град, уништувањето државен имот и обидите да се рушат споменици, пишува Курир.

crpnat

„За црпнатиот. Доста го уништуваш Скопје! Доста ги тероризираш граѓаните на главниот град! Доста! Скопјани како и останатите граѓани на Македонија имаат право на мир, на спокој и нормален живот!

Не можеш ти еден криминалец (додуше аболициран) со антимакедонска агенда да го држиш главниот град во заложништво. Огромните финансиски штети не се ништо во споредба со спокојот што секојдневно со месеци ни го земаш на нас скопјаните! Остави го Скопје на раат! Оди си и земи си ги со тебе платениците и звиждаљките и звиждајте си на нивата од кај што доаѓаш и за промена фарбај си го Глобал или менувачницата на батето.

Скопје бил и ќе остане урбана средина со своја култура и традиција, а ти и твојата банда платеничка марш од Скопје. ДОСТА Е!“, стои во статусот на Жугиќ.

Ако некому не му беше јасно кој е црпнатиот аболициран криминалец кој ги тероризира граѓаните се погрижи човекот лично. Зоран Заев реагираше на неадресираниот статус на Жугиќ и потврди дека и тој интимно се пронаоѓа во критиките искажани од директорката на Театар Комедија.

„Од злосторничкото здружение од власта таа е поставена да го води Театарот Комедија. Фрустрацијата на госпоѓава оди до таму, за да се има соживеано со улогата што ја има добиено од власта да го води театарот комедија, па така со своите блесави коментари е и самата комедија“ – изјавил Заев за Фокус по повод статусот на Жугиќ.

izja

За потсетување, жестоката реакција на Жугиќ дојде после двомесечното постојано попречување на движењето на цивили и нивно тепање, вандализирање споменици, уништување и ограбување државен имот од страна на протестирачи организирани од СДСМ. Очајот кулминираше во понеделникот кога по којзнае кој пат беше уништена фасадата на Министерството за правда и имаше обид да се урне споменикот на Прометеј во „Жена парк“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.