„Курир“: Зоран Заев стана и поет

Пред два дена на Македонија и се случи најмасовниот народен собир, организиран од ГДОМ, на кој околу 60.000 граѓани пред Собранието порачаа дека сакаат крај на кризата со одржување на избори на 5 јуни.

zz-1

Мирно, со македонски народни песни додека огромно македонско знаме се пушти низ Порта Македонија, повеќе од 60.000 граѓани порачаа дека Македонија е се што имаме.

И додека пред Собрание мирно се искажуваше волјата на граѓаните, на другата страна демонстрантите поддржани од СДСМ и СОРОС, кои изминатите денови сквернавеа споменици и државни институции, вечерта „удрија“ врз Владата.

Со боја, погрдни зборови, насилните демонстранти повторно го покажа своето вистинско лице, пишува Курир.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев инспириран од таквите глетки на својот Фејсбук профил напиша:

„Денес Македонија е прекрасна. Скопје најдобро од сите овие денови. Изгледаше како на 17 ти Мај. Одлични и Гостивар, Куманово, Велес, Кочани, Штип, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид. Народ се буди – Слобода се раѓа!“