Курсисти од „Аутодеск Македонија“ за 3ds MAX направија игра

Иако програмерите на компјутерски видео-игри во земјава можат да се избројат на „прсти“, сепак охриѓани можат да се гордеат со момците од „Maxsoft Games Studios“.  Младите Давор Зафировски, Даниел Зафировски и Александар Илиевски, веќе подолг временски период го живеат „сонот“ од детството. Малкумина знаат дека тројцата средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, неколку години професионално се занимаваат со оваа тематика.

a

За разлика од создавањето веб и мобилни апликации наменети за „смарт“ телефоните, креирањето компјутерски видео-игри претставува сложен и комплексен процес, кој може да трае и со години.

a1

„Желбата за создавање компјутерски видео-игри ни е уште од раните детски денови. Одевме на различни курсеви, стекнавме различни вештини и познавања од оваа тематика, а во 2010 година одлучивме да формираме сопствено студио. На почетокот, како и нормално, имавме одредени проблеми и пречки, застанавме, но продолживме и сега сме тука кај што сме. Јас работам на 3Д програми, сум „мап“ и графички дизајнер. Александар е илустратор, работи како концепт-артист, црта текстури, предели и градби, додека Давор е програмерот. Негова задача се симулации и визуелно прогамирање, а ги користи C++ и Java Script.“ – вели Даниел Зафировски.

a2

Во моментов, момците од „Maxsoft Games Studios“ работат на два проекти, а се работи за видеоигрите Last Hope и Human Simulator.

„Моментално работиме на проектот Human Simulator, кој претставува еден вид на „free“ игра за забава и релаксација. Играта ќе биде слободен свет каде што се е дозволено. Се работи за измислен град со дискотеки, забави, училишта, облакодери, каде ќе можат да се возат автомобили и мотори. Секој си гради сопствен карактер, а потоа самиот играч одлучува дали истиот ќе биде бизнисмен, или пак криминалец.“ – велат Давор, Даниел и Александар.

a3

Last Hope е „first-person“ видео-игра чиј трејлер неодамна се појави на „јутјуб“. Како што велат од „Maxsoft Games Studios“, играта опфаќа дестици „гигабајти“, а на истата се работи повеќе од една година. Во суштина, овој „проект“ претставува апокалиптично сценарио во кое играчот е последната надеж за човештвото.

a4

„Станува збор за свет во кој зомбија излегуваат зад секој агол, а постојат и уште поголеми скриени опасности. Имаме „first-person“ карактер кој го брани светот и мора да преживее. Постојат магии и оружја како „нуклеарки“, кои ќе можат да се надоградат. Ќе има 100 нивоа, а секое десетто е резервирано за специјалниот лидер на зомбињата. Тогаш  паѓаат пакетчиња, а во завиност од тежината на нивото, но и среќата, можат да ви се паднат оружја кои понатака ќе се користат во играта. Мапите се најразлични, од пустини па се до зимски предели. Имаме набавено Мicrosoft Кinect, но се уште не е излезен соодветен програм кој ќе ни помогне да ја финализираме играта. Плановите се после официјалната промоција да напраивме и multiplayer мод за четворица  играчи и дополнителни апдејти кои ќе бидат повеќе од 30 гига бајти, а ќе вклучуваат отворена и голема мапа, нешто налик на GTA, односно со тек на време, како WoW.“ – објаснуваат од  „Maxsoft Games Studios“.

a5

 

a6

Оттаму потенцираат дека официјалната промоција на Last Hope најверојатно ќе биде идниот месец, кога истата ќе го добие и своето место на најголемата платформа за видео-игри „Steam“.

„Планираме да ја поставиме на „стим“, каде ќе биде одредена и цената. Нашата замисла е да побараме пониска цена, со цел играта да биде подостапна за секого. Колку повеќе ќе се игра, толку е поголем мотивот да твориме и да работиме на нашите идни проекти и замисли кои ги имаме веќе зацртано во нашите глави.“ – велат Давор, Даниел и Александар.

a7

Покрај отворање големо студио за креирање видео-игри, еден од плановите на момците од „Maxsoft Games Studios“ е создавање специфична „multyplayer“ игра насловена како War For The Liberty.

„Сценариото е дека се случува 3-та Светска Војна, каде полицијата се бори против терористи. Секоја недела ќе се избира претседател на полицијата кој ќе гради тактики. Мапата ќе биде доста голема, а интересно е што самите играчи ќе имаат своја улога и ќе можат да создаваат нови оружја, кои подоцна во самата игра ќе можат да се купуваат. Во суштина се ќе се одвива во едно реално време, а целокупната замисла на проектот е една интерактивна и единствена видео-игра која опфаќа голема приказна за 3-тата Светска Војна. Како еден реален свет.“ – објаснуваат од „Maxsoft Games Studios“.

a8

Работниот ден на Давор, Даниел и Александар започнува од осум наутро, а може да трае до раните утрински часови следното утро. На младите им препорачуваат да целат кон својот сон, бидејќи се е остварливо.

„Слободно време имаме малку, а најчесто го користиме за излегување со другарите, девојките, но и за видео-игри. На младите им порачуваме да се насочат кон својот сон, бидејќи се е остварливо.“  – завршуваат Давор, Даниел и Александар.


OhridNews.com