Балкан

Курсот на турската лира се приближува до најниско ниво

Курсот на турската лира се приближува до најниско ниво

Курсот на турската лира се доближува до најниско ниво, откако земјата ја потресе корупциски скандал, а американската централна банка ја објави одлуката да започне да ја ограничува валутната помошна програма, пренесе „Ројтерс“.

Лирата, која веќе беше ослабена во очекување на американското решение за престанок на стимулантните валутни мерки, ја намали вредноста дополнително, по почетокот на големата полициска операција, во рамките на која десетици бизнисмени и поврзани лица со власта беа притворени под сомнение за корупција.