Куршум залутал во летна кујна во гостиварско

Заталкан куршум завршил во летна кујна во куќа во гостиварско Долна Бањица, половина час по полноќ. Куршумот скршил стакло од прозорец и направил други помали оштетувања.

Куршумот скршил стакло од прозорец и направил други помали оштетувања.
Куршумот скршил стакло од прозорец и направил други помали оштетувања.

Според СВР Тетово, звукот на кршење стакло ги вознемирил домашните во куќата. Набрзо потоа сопственикот Љ.Л. (52) пријавил во полиција дека во неговата летна кујна нашол зрно од куршум. По извршениот увид било утврдено дека станува збор за проектил од огнено оружје кој најверојатно бил испукан од непозната локација. Зрното е подигнато и дадено на вештачење и се работи на откривање кој и од каде пукал.

Во овој, последен во низата вакви инциденти нема повредени, а штетата е мала. Во изминатите три недели во Гостиварско се регистрирани четири случаи на оштетувања од заталкани куршуми кои најверојатно се последица на недозволена употреба на огнено оружје на семејни веселби. Во еден таков случај десетгодишно дете го загуби животот откако беше погодено во глава од заталкан куршум.

 

Поврзани вести:

Залутан куршум заврши во „ауди“ во Тетово

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.