Куртоа ќе биде прв голман на Челзи

Актуелниот селектор на Белгија, Марк Вилмотс е убеден дека моментално, првиот голман на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Петр Чех ќе биде продаден за време на летниот преоден рок и дека во новата клупска сезона, дресот со број еден ќе биде во сопственост на Тибо Куртоа.
“Дали Тибо ќе се врати на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок? Да, ќе се врати во Лондон, ќе се врати во редовите на Челзи. Прво Челзи ќе најде купец за Петр Чех, потоа ќе биде реализиран најавениот кам-бек на Куртоа”, изјави Вилмотс.
Репрезентативецот на Белгија во изминатите три сезони настапуваше како позајмен голман во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М).