Куртоа не сака да брани за Челзи

Мигуел Анхел Гил Марин, извршниот директот на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М) откри дека првиот голман на “јорганџиите”, Тибо Куртоа, кој е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, сака уште неколку сезони да престојува на “Винсенте Калдерон”.

Репрезентативниот голман на Белгија пред неколку дена изјави дека му е убаво во Мадрид, дека не чуствува никаква конекција со Челзи, а доколку се врати на “Стемфорд Бриџ”, не сака да има статус на резервен голман.

„Куртоа сака да остане во Мадрид, сака да остане на “Винсенте Калдерон”. Со таквиот негов став веќе е запознаен тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне, а мислам дека Тибо го има информирано и менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо. Сепак се е во рацете на клупските челници на Челзи. Се што знам е дека лондонскиот клуб моментално е без прв голман, знам дека Чех е посериозно повреден”, изјави Гил Марин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.