Куртоа: Подобро да загубевме од Бразил

Франција ја победи Белгија со голот на Самуел Умтити за пласман на „триколорите“ во големото финале на Светското првенство, за некои заслужено, а други не. Натпреварот само во првото полувреме беше интересен, без сериозни шанси, но се забележуваше дека Белгија игра со поголема желба да постигне гол. Мечот го реши корнерот по кој Умити со глава ја погоди мреќата на Тибо Куртоа. Тој беше разочаран по мечот, повеќе од начинот на кој изгубиле, отколку од самиот пораз.

Нивниот напаѓач играше на 30 метри од сопствениот гол, нешто што никош не сум го доживеал во „Челси“. Дадоа гол од корнер и потоа не правеа ништо освен што се бранеа. Подобро да загубевме од Бразил, од тим кој се обидува да игра фудбал и кој може да биде подобар од нас. Франција не е подобра од нас и затоа овој пораз многу лошо го прифаќам. Разликата беше направена од еден случаен детаљ. Едноставно кажано, тие играат анти-фудбал, потенцира Куртоа.