Куртоа се врати во Челзи

Белгискиот голман Тибо Куртоа од следната сезона ќе ги брани боите на англискиот премиерлигаш Челзи. Куртоа претходно три сезони беше позајмен  во шпанскиот Атлетико ( Мадрид), каде израсна во еден од најдобрите голмани во Европа и беше меѓу насјзаслужните што неговиот тим играше во финалето од Лигата на шампионите

Благодарност до Атлатико и сите навивачи за тритр прекрасни години, напиша 22 – годишниот Куртоа на својот Твитер профи.

На Стемфорд Бриџ, претходно стигна и дефанзивецот од Атлетико Мадрид, Бразилецот Фелипе Луиз, со кого англискиот тим потпиша тригодишен договор, а трансферот изнесува 20 милиони фунти.

Претходно менаџерот Жозе Мурињо во тимот ги доведе и Диего Коста од Атлетико и Цеск Фабрегас од Барселона.