Кушлер: Проектот „Скопје 2014“ е важен за цела Европа

Проектот „Скопје 2014“ е важен за цела Европа, оти ја промовира културната разновидост и го негува античкото наследство. Јас сум импресиониран од проектот, вели Ханс Кушлер професор на Универзитетот во Инсбрук, Австрија и претседател на Меѓународната организација за напредок во интервју за Програмата „Гласот на народот“, пренесе МИА.

Тој во интервјуто вели дека Македонија има право да се именува како сака и нема дилема дека името Македонија е право на земјата оти и Грција и Македонија имаат античка историја.

„Жалам што одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во случајот со Македонија не најде одглас во одлуките на челниците на земјите од Европската унија и НАТО и државата се уште не  е членка на овие меѓународни ентитети“, оценува Кушлер.