Кушлер: Скопје е уникатно место во Европа

Ханс Кушлер, универзитетски професор  од Австрија и претседател на Меѓународната организација за напредок истaкнал дека му се допаѓа проектот Скопје 2014, бидејќи како што вели, го одржува наследството.

Овој проект е од посебна важност за цела Европа. Кога неодамна го посетив Скопје бев импресиониран од величествената историска архитектура во центарот на градот и од многуте споменици кои го визуелизираат наследството, вели Кушлер.

Според него овој тип архитектура го прави Скопје уникатно место во Европа.

-Навистина проектот придонесува за културната разновидност.  Исто така го прави градот место за кое посебен интерес имаат сите кои го ценат класичното образование и го разбираат античкото наследство, оценува Кушлер.