Магазин

Кустурица: Замислете кога јас за Депардје би рекол дека е пропаднат алкохолиочар…

Кустурица: Замислете кога јас за Депардје би рекол дека е пропаднат алкохолиочар…
Emir Kusturica attends an event in Moscow, Russia.

Pictured: Emir Kusturica

Ref: SPL282214 260511
Picture by: Starface.ru / Splash News

Splash News and Pictures
Los Angeles: 310-821-2666
New York: 212-619-2666
London: 870-934-2666
photodesk@splashnews.com

Режисерот Емир Кустируца остро одговори на навредите, кои на фестивалот во Венеција му ги упати актерот Жерард Депардје. 

– Замислете кога јас би кажал за Депардје дека е пропаднат алкохоличар, измамник кој поради даночни олеснувања, а не од љубов кон руската култура, зел руски пасош, дека е неморално ѓубре, кое не може да ја издржи вистината дека Русите ги сакаат моите филмови и музиката, која ја свирам, како и Французите, изјави режиресот во текстот објавен на порталот Искра.ко.

Францускиот актер во интервју за италијанскиот весник „Република“, кое го даде на филмскиот фестивал во Венеција го обвини српскиот режисер дека е „лажен лик“.

– Кустурица е лажен лик, еден лажго. Тој е целиот една фикција, еден исконструиран лик, сака да се прави дека е Ром, но не е, тој е дете на буржоазиски родители, не е уметник од народот, како што сака да се претстави. Тој не е ниту Србин, Србите го презираат. Тој е еден ужасен лик, една целосна фарса, рече Депардје.