Кутии за наградната игра Фискална во рака, награда без мака низ повеќе градови

На 28 јули, со директен пренос на МТВ1 ќе се одржи осмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Во ова коло ќе бидат извлечени добитниците на автомобил SEAT IBIZA и 150 вредносни ваучери.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот.

И за осмото коло, Државна лотарија на Македонија на различни локации во повеќето градови низ републикава ќе постави наменски кутии , во кои играчите ќе можат да ги остават своите коверти со фискални сметки, и да учествуваат во Наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Кутиите ќе бидат поставени од 18.07.2014 заклучно со 25.07.2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.