Кутри Ѓорѓи и жален Борјан

Ова не е наслов на епска народна песна, ова е реалноста во Македонија преточена во еден наслов. Ова е класична новинарско – удбашка едночинка по нарачка на ѓон СДС предавничка во режија на Верушевски и Богоевски, а во изведба на жален Бојан и кутри Ѓорѓи, секако наменета за сензационализам кон граѓаните и предизборно плакнење на ѓон Црпко од предавството кое го прави врз Македонија.

Во недостиг на конкретни економски, социјални, образовни, комуникациски, финансиски и секаков вид на други корисни општествени достигнувања, ѓон СДС се фаќа за „бомбите“, но сега од друг агол обидувајќи се да ги пласира во јавноста преку познатите методи на пропагандистичко делување и збунување на граѓаните, за да не се сетат да прашаат:

„Кој тоа почна, за чии цели, како и кога да ја урива нашата татковина Македонија?“

Но, еве јас ќе ги поставам тие прашања во името на сите вас, кој како поединци, личности, граѓани на Македонија и дел од Македонската нација треба да ги поставите на ѓон Црпко и ѓон СДС, а во исто време и да инсистирате да добиете одговор на истите, за да не дозволиме да преку кутри човечиња со „наивни“ маски врз грдите лица се обидуваат да се прикажат како жртви.

Најпрво да се вратиме на основното прашање на кое никако да добиеме одговор, а благодарение на ѓон Катица лажовска од противуставното СЈО, бидејќи таа се откажа од обвинението за „Пуч“. Доколку не го стореше тоа ќе имавме можност во јавноста да излезат сите информации (затоа што судењето е јавно) за тоа кој нарачал, со какви цели, кој спровел, кој доставил, на кого му ги дал информациите и кој и како и по чии совет ги употребил нелегално снимените материјали. Бидејќи, ѓон Катица лажовска не лиши од овие информации, а со чие откривање во текот на судскиот процес од кој се откажа со сигурност ќе излезеше на виделина вистината, ќе испливаше чадорот, но ќе си ги видевме и слабостите на безбедносниот систем на државата или поточно ќе ги видевме кртовите, двојните агенти, резиденти и други протуви и мешетари, кои од почетокот на самостојноста на Македонија работат на нејзино уништување, ред е самите да им ги побараме одговорите. Не вака во лажливи едночинки, туку директно да дадат одговор на многу прашања поврзани со „Пуч“.

Откако ги дефиниравме прашањата за ѓон Катица лажлива ќе му поставам директни прашања на кутриот Ѓорѓи (кој се претставува како демократски разузнувач и жртва на „режим“, а всушност е обично шпиуниште на своите шефови Богоевски и  Верушевски), а кои прашања се поврзани единствено со професионалната разузнавачка и контраразузнавачка логика на делување, не со политиката.

Кутри Ѓорѓи, ти себеси се сметаш за „херој“, а всушност си само еден обичен предавник (шпиунче). Како тоа не те интересира што тоа газдата на А1 сторил како кривично дело и во колкав обем направил криминал, со што тргувал и што произведувал нелегално? Во исто време дали си бил мотивиран илегално и противзаконито да работиш за својот поранешен шеф Верушевски, затоа што си бил сменет од началничката позиција? Каков морал и професионална етика имаш кон своите колеги кои ги нарекуваш „полициски хорди“ или тоа сакаш да му се додвориш на жален Борјан?

Зошто лажеш дека од 2008 година знаеш за прислушувањето? Зошто не кажеш дека службата и Петта управа прислушуваа и во твое време кога ти беше началник на оваа управа? Како тоа само податоците или прислушуваните разговори од 2010 година наваму излегуваат во јавност? Дали тоа значи дека ти и Костовски во тој период започнавте да вршите нелегално прислушување како резултат на добиената задача од Верушевски и започнатата операција за нелегално уривање на власта во Македонија и Македонија како држава?

Според кој закон и овластување извршуваше нелегално прислушување и доставување на разузнавачки материјали за потребите на Верушевски, кој во тоа време немаше никаква допирна точка со УБК? Со кои лични мотиви го правеше тоа?

Зошто кутар човеку сознанијата за нелегално прислушување на Министерот Јанкуловска од страна на нејзини потчинети (доколку тоа било така) не и ги достави нејзе лично? Барем во разузнавачката практика многу добро знаеме како и на кои се начини може да се достави и сочува разузнавачки материјал, а особено доколку истиот е компромитирачки или од стратешко значение. Наместо да ја информираш самата министерка, па дури и со анонимно известување и како доказ да го приложиш нелегално снимениот материјал, ти се реши да влезеш во шпиунската мрежа на Верушевски, а нели немаш врска со политика и шпиунажа. Не се влегува во ваква мрежа случајно, а не особено од позицијата на која си бил. Очигледно е дека тоа си го направил свесно со пресметка дека ќе добиеш нешто повеќе за себе. Во исто време си ја злоупотребил довербата да работиш на овие системи и си ги злоупотребил системите, бидејќи никаде нема доказ дека постои наредба ти или некој друг да врши нелегално прислушување. Во овој контекст да те прашам и како тоа ти „појма немаш“ за аферата „Големото уво“, кога и во тоа време си бил на истата позиција и во истата управа како и со последните случувања, а потоа од 2002 година стана началник на оваа управа додека директор на УБК беше Верушевски? Претпоставувам дека Богоевски те има предадено на Верушевски како добар внатрешен соработник, бидејќи како „многу млад“ во 1987 година добро те одработиле, секако како инжинер во оперативна техника, помалку привлекуваш внимание отколку како оперативец, па искусните и „нималку наивни“ Богоевски и Верушевски си нашле добар внатрешен соработник кој ќе изгледа како да ќе удри во бандера, а всушност ќе одработи за нивни интереси. Бравос за нив, а дали на нас драги мои сограѓани сега ни е јасно зошто никако да мрднеме и напреднеме по повеќе од четврт век самостојност. Со оглед на тоа кој се се инсталирал и кого се инсталирал во безбедносниот систем на државата не е чудо што ѓон Црпко го донесоа да ја спроведе последната фаза на уништување на Македонија.

Како може да во целата своја патетика тврдиш дека некој ги уништил траговите од прислушувањето, Дури и најобичен компјутерџија знае дека од хардот неможат да се избришат траговите на комуникација и дека истите покрај МВР може да ги пронајде и секој оператор. Затоа објасни и на јавноста како тоа хард дисковите со комплетните материјали останаа во архивата на УБК, а другото (кутиите, матичните плочи, ЦД приклучоците и куќиштата кои немаат меморија) се уништи? Доколку некој сакал нешто да прикрие ќе ги уништел хард дисковите.

Лично, многу ме интересира еден детал. Каква ви беше организацијата да нелегално снимените материјали ги изнесете од УБК во електронска форма? Каде затаи внатрешната безбедност на УБК и Петтата управа за што всушност и треба да носи одговорност Горан Груевски, а не за измислени работи како што сега го обвинуваат? Ова ме интересира од едноставна причина што како универзитетски професор ќе можам со конкретен пример на студентите (идни службеници во безбедносниот сектор на Македонија) им објаснам како се спроведува една успешна разузнавачка операција до најситен детал. А, ви беше успешна бидејќи успеавте да ја доведете Македонија сопствената татковина во состојба во која денес ја гледаме, а која ќе биде уште полоша. Претпоставувам дека за „недај Боже“ имате уште неколку прикриени „професионалци“ во службата.

Мене ми е јасно, убеден сум дека и на Македонските граѓани им е јасно, но останува ти кутар Ѓорѓи барем во камерата на овој жален Борјан да му дадеш одговор на претходните прашања, а за тоа како ќе бидеш запаметен како „херој“ на ѓон Црпко или како ПРЕДАВНИК на Македонија или пак како потполно безначајно кутро човече кое ќе биде заборавено и од неговото семејство, ќе имаме можност да видиме.

Единствено можам да ти кажам дека кој и да кажал (Мијалков, Андоновски, Атанасовски или било кој друг директор вклучително и овој актуелниот) дека: „отсекогаш имало и ќе има некој кој ќе го оцрни образот на службата“, ја кажал вистината. Не мораш ти толку да се жалостиш поради тоа, бидејќи кутро човече, твој беше изборот и ти прифати да оцрнуваш и да ја зацрнуваш Македонија. Колку и да се обидуваш да се прикажеш како наивен и жртва во оваа едночинка на жален Борјан, видливо е дека се’ што си сторил си сторил намерно, пресметано и со лична тривијална цел.

Има уште многу прашања кои треба да им ги поставиме на овие кутри и жални човечиња, за жал не очекувам никаков одговор од нив (па нели ѓон Рада вели:„некои прашања не заслужуваат одговор“), но сепак еден ден ќе се даде одговорот.

Одговорот на граѓаните ќе стигне на 15-ти Октомври…

Автор: Доцент д-р Оливер Андонов