Кувајт го отповика амбасадорот од Иран

Кувајт го отповика својот амбасадор во Иран поради нападот врз дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Иран.

Во соопштението не се наведува како тоа ќе се одрази врз кувајтско-иранските односи.

Саудиска Арабија претходно ги прекина односите со Иран, а слични чекори презедоа и Бахреин, Судан и Обединетите Арапски Емирати.

За време на посетата на Ријад, Самех Шукри рече дека однесувањето на Иран по погубувањето на шеикор Нимр ал-Нимра, претставува исто што и мешање во внатрешните работи на Саудиска Арабија.