Кузмановска: Членови на СДСМ во Комисијата за финансирање и буџет неовластено го потпишале извештајот

Согласно член 128, став 6 од Делновикот на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Комисијата за финансирање и буџет имам обврска да го потпишам извештајот, а воедно и единствено јас одговарам за веродостојноста на тој извештај, изјави Лилјана Кузмановска на денешната прес-конференција.

„Комисијата за финансирање и буџет заврши една минута до дваест и четри часот и јас до денес, дванаесет часот таков извештај немам добиено. Кога ќе добијам таков извештај, го разгледам и кога ќе бидат вклучени сите дискусии и она што е многу важно како дебата од десетдневната расправа јас без никаков проблем ќе го потпишам тој извештај. Меѓутоа она што загрижува е дека во текот на ноќта е испратен извештај потпишан од членови и заменици членови од СДСМ. Тоа е грубо кршење на деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Може да кажам дека она што како информација го слушнав од Талат Џафери е дека претседателот на Комисијата за финансирање и буџет не сакал да го потпише овој извештај. Тоа е апсолутна невистина“, рече Кузмановска.

Истакна и дека во текот на денешниот ден ако го добијам извештајот и доколку го разгледам без никаков проблем ќе биде потпишан. Првпат се случува Законодавно-правната комисија без општа и амандманска расправа да поднесе извештај кој е надвор од Деловникот за работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.