Кузмановска: Од 2006 до 2013 завршени се 35 магистрални и регионални патишта со должина од 504 км

„Во Македонија во периодот од 2006 до сега, пуштени се во употреба 34 км нови автопати, а реконструкирани се 27 км автопатска мрежа со вкупна вредност од 133 милиони евра.
Денес во Македонија паралелно се градат три нови автопати со вкупна градежна вредност од 790 милиони евра,“ изјави Елена Кузмановска на денешната прес конференција.

Таа потсети дека вчера отпочна со градба 47 километарската автопатна делница којa ќе го поврзува Штип со Скопје, инвестиција од 206 милиони евра, а денес ќе отпочне уште еден голем проект, автопатската делница од Кичево до Охрид во должина од 56.7 км, инвестиција во вредност од 374 милиони евра.

„Кон крајот на 2012 година отпочна со изградбата автопатската делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Коридорот Х со должина од 28,2 километри.Oва значи дека во периодот од 2012 година до сега, односно за повеќе од 1 годинa отпочнати се со градба 132 км нова автпатска мрежа.Значи дека во наредните четири години, Република Македонија ќе добие 50 % зголемување од досегашната автопатска мрежа која изнесува 228 км.Во тек е постапката за рехабилитација на автопатот на делницата Велес – Катланово во должина од 23,5 km, а започна и реализацијата на проектот за рехабилитација и зацврстување на 13 мостови на овој дел од коридорот 10, инвестиција од 8.6 милиони евра,“ изјави Кузмановска.

Таа потенцираше дека во изминатиов период покрај реконструкцијата на мостовите во соработка со НАТО од буџетот на Јавнотот претпријатие за државни патишта беше извршена реконстукција на пет моста, а во периодот што следи ќе бидат санирани и мостовите Мелнички мост, Гемиџии Велес, а ќе се изгради и мост кај Злеово и мост Пишица.

„Исто така, активно се работи на проектирање и изнаоѓање средства за финансирање на еден поголем пакет експресни, магистрални и регионални патишта ширум целата територија на Македонија, за што дополнително ќе информираме по финализирање на проектот.Во периодот од 2006 до 2013 година завршени се 35 магистрални и регионални патишта со должина од 504 км, и вредност во висина од околу 92 милиони евра.Изградени се 567 км локални патишта со средства во висина од 42,52 милиони евра, а со заокружување на проектот се очекува бројка од околу 408 изградени локални патишта, и 800 км патна мрежа,“ потенцираше Кузмановска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.