Кузмановска: Владата ќе го зголеми јавниот долг над 6 милијарди евра

Новиот Буџет што го предлага Владата предводена од СДСМ, државата ја носи во економски пропаст и земјата во следната 2018 година ќе се задолжи за повеќе од шест милијарди евра, со што нето јавниот долг ќе се зголеми за над 485 милиони евра, без притоа да реализира некоја поголема капитална инвестиција, истакна во петокот на прес-конферднција истакна Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Кузмановска оцени, како што рече, оти неоснованото задолжување во следната година ќе придонесе државниот долг првпат во независна Македонија да надмине 50 отсто од бруто домашниот производ, со што јавниот долг ќе достигне неверојатни шест милијарди евра.

„Но неспособната влада не запира тука, од фискалната стратегија на владата за наредните две години гледаме дека до 2020 година нивото на долгот треба да достигне 53,5 отсто. Од што ќе се финансира овој огромен долг кога не се реализира ниту една капитална инвестиција? Платите паѓаат, економскиот раст е забавен, а инфлацијата кај цените на мало до година ќе расте за 4,3 проценти. Владата се однесува неодговорно. Владата ја води државата кон грчко сценарио, ниво на кое државата повеќе нема да може сама да си го сервисира долгот. Огромниот државен долг без ниту една капитална инвестиција и инвестиција со поврат на капитал на долг рок ќе значи банкрот за државата“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузмановска предупреди дека политиките на СДСМ во еконмската сфера ја влечат целата земја и нејзините граѓани кон еономското дно, со огромно задолжување и без никакви инвестиции.

„Нема покачување на социјалната помош, нема зголемување на пензиите, ги нема 500 километри нов автопат, нема ништо од она што беше најавено, имаме намалување на средствата за земјоделски субвенции за цели 24 милиони евра и кратења на продуктивни расходи. Ова е само доказ дека владата нема план за развој на државата, туку неплански работи за задоволување на бизнис апетитите на милионерите во власта, занемарувајќи ги граѓаните“, заклучи Кузмановска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.