Македонија

Кузмановска: Во Битола се реализираа безброј проекти, а СДСМ да се засрами за лагите кои ги пласира! 

Кузмановска: Во Битола се реализираа безброј проекти, а СДСМ да се засрами за лагите кои ги пласира! 

Денес го слушнавме најголемиот апсурд. Добро било што сте вие надвор, ама ние овде во Собрание што сме работеле?! Па пратеници сме, носиме законски решенија и затоа земаме плата. И добро било тоа што вие правите зулум надвор по улици и ги уништувате и кршите објектите, а не било добро овде да ги гласаме и Буџетот и ребалнсот на Буџетот. Значи таа ви е една од тезите, констатираше Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потоа се осврна на обвинувањата за проектите во Битола од страна на пратеникот од СДСМ Ковачевски. Во таа насока, Кузмановска постави голем број на прашања во врска со реализираните голем број на видливи проекти во Битола кои се завршени во изминативе години.

Прашувате кој е најголемиот проект за Битола? Се сеќавате кога го гласавме законот за топлификација на Битола? Знаете што значи топлификација за Битола? Затоа не лажете пред граѓаните! Исто така, дали ви се познати овие училишта, Даме Груев, Тодор Ангелески, Ѓорѓи Наумов, Стив Наумов? Кажете им на граѓаните на Битола дали во овие училишта е извршена реконструкцција и санација! Дали во трите најголеми средни училишта во Битола се направени спортски сали? Дали во Битола се поделени 78 социјални станови? Дали е реконструирана железничката станица во Битола? Дали е реконструирана зоолошката градина во Битола? Дали се вработени 2400 лица во ТИРЗ Жабени и уште многу проекти кој што се реализирани во Битола?!“, го праша Кузмановска пратеникот од Битола на СДСМ Васко Ковачевски.

На крајот, таа додаде дека е срамно тоа што СДСМ го зборува напамет и без никакви аргументи како за градот Битола, така и за градоначалникот Талески.

Кога говорите за Битола и фамата што ја правите за градоначалникот Талески сите ќе ја носите на душа бидејќи има голем број на проекти и не можам овде сите да ги прочитам. Срамота за лагата што ја пласирате пред целата македонска јавност, посебно пред жителите на Битола, заврши пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.