Кузмановски нов играч на „Еурофарм Работник“

Ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски е нов ракометар на „Еурофарм Работник“, потврдија денеска од битолскиот клуб. Поранешниот ракометар на „Метлург“ денеска го раскина договорот со клубо од Автокоманда, па веднаш најде замена.

Кузмановски го напушти „Металург“ поради неисплатените плати кон него, а според договорот за прекин на соработката, тој се откажа од долгот на клубот кон него.

Битолчани неколку години наназад се обидуваат да стигнат до место кое води во СЕХА лигата, а Кузмановски секако ќе им биде од голема помош во таа цел. Кузмановски следната сезона ќе игра во Германија, во „Магдебург“ со кој веќе има постигнато договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.