Квалификаци за СП 2018: Македонија вечерва очекува победа против Албанија

Македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Албанија вечерва во Струмица во рамјите на осмото коло од квалификациите за Светското првенство коешто во 2018 година ќе се игра во Русија.

Македонските фудбалери дуелот го очекуваат во победничката атмосфера и посакуваат нова победа по триумфот во саботата на гостувањето во Израел. Траба да се потсети дека македонската селекција несреќно беше поразена во првиот натпревар кој се играше во два дена, со гол што го прими во последните моменти од мечот.

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски очекува добро издание на неговите избраници и нови бодови.

„Се надевам дека со помош на поддршката од публиката ќе направиме позитивен резултат и на крајот сите заедно да се радуваме. Од натпревар во натпревар играме се подобро, па нека биде така и не мечот со Албанија“, рече Ангеловски.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Младост“ вечерва со почеток во 20,45 часот.

Со евентуална победа Македонија ќе може да се вмеша во борбата за освојување на третото место на табелата во Групата Г

На другите два натпревара од оваа група играат: Лихтенштајн – Шпанија и Италија – Израел.

Табела: Шпанија 19 бодови, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.