Квалификации за СП 2018: Аргентина најверојатно во баражот

Аргентинската фудбалска реперезентација ноќта кон срдата во 16-то коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија ја пропушти можност да обезбеди заминување на мундијалот откако на свој терен одигра само 1:1 со Венецуела, последнопалсираната на оваа табела.

Се очекуваше дека Аргентина, којашто забележа победи во сите шест последни средби со Венецуела, и на овој меч ќе има лесна задача против селекцијата која нема ниедна победа во десет натпревари од јужноамериканските квалификации. Меѓутоа по синоќешното реми тимот на Хорхе Сампаоли остана на петтото место на табелата со 24 бодови на два меча од крајот на квалификациите и е најсериозниот кандидат за баражот. Првите четири репрезнтации директно се палсираа на Светското првенство.

Венецуела којашто одамна ги загуби сите шанси за пласман на СП, изненадувачки поведе во четвртата минута од второто полувреме од мечот кој се играше во Буенос Аирес со голот на Џон Миурио. Гостите водеа само четири минути, бидејќи Аргентина изедначи благодарајќи на автоголот на Ролф Фелтшер.

До крајот на квалификациите Аргентина игра уште против Перу дома на 5-ти октомври и пет дена подоцна патува на гости кај Еквадор.

Бразил, единствената јужноамериканска репрезенатација којашто веќе го осигури пласманот на СП, води на табелата со 37 бодови, откако сношти одигра исто така 1:1 против Колумбија.

Уругвај, кој со 2:1 го совлада Парагвај на негов терен е втор со 27 бодови, додека Колумбија е трета со 26 бодови.

Перу, кој не настапил на мундијал од 1982 година, беше подобар од Еквадор со 2:1 и наоѓа на четвртата позиција со 24 бодови, и со подобра гол разлика пред Аргентина. Чиле загуби во Боливија и сега е на шестото место со еден бод помалку од „гаучосите“

Првите четири репрезенатации одат директно на Светското првенство, додека петопласираната мора да оди во баражот против Нов Зеланд.