Квалификации за СП 2018: Убедлива победа на Белгија над Естонија

натпревари

Максимален учинок по 4.коло имаат само три репрезентации: Белгија, Германија и Швајцарија.

Резултати од 4.коло на синоќа одиграните натпревари:

А група: Бугарија – Белорусија 1:0 и Луксембург – Холандија 1:3.
Табела: Франција 10 бодови, Холандија 7, Шведска 7, Бугарија 6, Белорусија 2, Луксембург 1.

Б група: Унгарија – Андора 4:0, Швајцарија – Фарски острови 2:0, Португалија – Летонија 4:1.
Табела: Швајцарија 12, Португалија 9, Унгарија 7, Фарски Острови 4, Летонија 3, Андора 0.

Х група: Кипар – Гибралтар 3:1, Белгија – Естонија 8:1 и Грција – БиХ 1:1.
Табела: Белгија 12, Грција 10, БиХ 7, Кипар 3, Естонија 3, Гибралтар 0.

Натпреварите од 5.коло од квалификациите ќе се играат во март 2017 година.