Квалитетно високо образование достапно за сите

Со низа системски реформи и мерки за унапредување на високото образование, во изминатата деценија студирањето покрај зголемениот квалитет, е значително поевтино и лесно достапно до сите граѓани.

Споредено со периодот пред 2006 година кога висoкото образoвание на некој начин беше достапно само за лицата од повисоките општествени слоеви, со оглед на високата партиципација која достигнуваше и до 1200 евра годишно, Владата на Република Македонија изврши значително намалување на студирањето од академската 2010-2011 година.

Оттогаш, па се’ до денес студентите кои ќе се запишат како редовни студенти и ќе влезат во државната квота плаќаат 200 евра годишно (во денарска противвредност), а студентите кои ќе се запишат како редовни студенти во квотата со кофинансирање и како вонредни студенти плаќаат најмногу 400 евра годишно.
Дополнително студентите кои се запишани на дисперзираните студиски програми на сите јавни високообразовни установи во Република Македонија плаќаат околу 100 евра од семестар.
Покрај значителното намалување на партиципацијата за студирање која е од исклителна важност за семејните буџети на граѓаните, високото обраозвание е полесно достапно со зголемувањето на понудата и отворањето на високо образовни институции во повеќе градови во Република Македонија.

Во таа насока во изминатите години се отворени 3 нови државни универзитети, 32 нови факултети и 65 дисперзирани студии, во 16 градови, на кои годишно се запишуваат во просек по 2500 студенти, односно 15% од запишаните студенти во една генерација. За сите нив студирањето е значително поевтино со оглед на тоа што обраозвните институции се во близина на нивните постојани живеалишта и немора да бидат изложувани на трошоци за патување и престој во Скопје, Тетово, Битола или некој друг град како што беше случај во минатото.

Исто така, веќе шест години е достапен Проектот 35/45, со кој се овозможува дооформување на високото образование на возрасните (жени над 35 и мажи над 45 години) под одредени финансиски поволности, односно поголема достапност на високообразовните установи на лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да се стекнат со високо образование. Имплементацијата на проектот започна во студиската 2010/2011 година и преку него досега на високообразовните установи се запишани околу 2000 студенти, кои студираат со партиципација од 200 евра годишно.
Од  академска 2014/2015 година има измени во насока на намалување на старосната граница на 30 години за жени и 35 години за мажи, со што се овозможи и поголем опфат на граѓани, односно проектот се преименува во 30/35.
Со сето ова, високото образование стана подостапно од кога било во минатото, што резултира со зголемени број на лица кои се одлучуваат да се запишат на факултет по завршувањето на средното образование, како и со зголемен број на повозрасни граѓани кои на овој начин се надградуваат и полесно напредуваат во кариерата.

Вака лесно достапното високо обраование за сите граѓани, претставува креирање на огромен човеков ресурс кој е примарен фактор од исклучително значење за мекедонската економија, и истовремено од голема корист за граѓаните со оглед на тоа што по стекнувањето на факултетска диплома се поконкуренти на пазарот на труд и и имаат зголемена достапност до повисоко платените работни места.