Квалитетот е единствен услов за влез во администрацијата

Законите за вработените во администрацијата и јавниот сектор, кои што се во собраниска процедура, имаат за цел непартизирана, професионална и стручна администрација, истакна денеска заменик министерката за информатичко општество и јавна администрација, Марта Арсовска Томовска.

„Целта на законите е да се добие стручна и ефикасна администрација која што ќе обезбеди една пофункционална пазарна економија, која ќе обезбеди услови за граѓаните и за компаниите за подобро, на поедноставен и полесен начин да ги добијат, обезбедат своите права и интереси, изјави Арсовска Томовска, истакнувајќи дека остварувањето на оваа цел ќе овозможи зајакнување на условите за вработување во администрацијата.

Во таа насока, рече тој, се оди на сосема нов модел на зајакнување на критериумите за влез во администрацијата.

„Интенцијата е да не се даваат никакви привилегии, никакви поделби на вработени кои се ваши, наши, нивни. Стручноста, компетентноста и професионалноста ќе бидат единствени критериуми за влез во јавната администрација. Тоа се обезбедува преку една постапка на селекција која што ќе биде многу транспарентна и многу објективна, која што ќе обезбеди компјутерско полагање на тестови. Овие тестови ќе бидат снимани и во живо пренесувани. Резултатите од полагањето на тестовите ќе бидат веднаш објавени на веб-страната на Агенцијата за администрација која што всушност и ќе го спроведува тестирањето“, рече таа.

Ќе се воведат стандардизирани формулари за апликација за вработување, освен за просекот на завршеното образование, дополнителни бодови ќе се добиваат за тоа на која образовна установа има завршено, работното искуство, искуството, препораките, неформалното образование…