Квитова и Бушар ќе играат за титулата на Вимблдон

Чешката тенисерка Петра Квитова и Канаѓанката Ежени Бушар ќе играат во финалето на третиот грен слем турнир годинава Вимблдон. Квитова во полуфиналето беше подобра од сонародничката Луси Сафарова со 7:6, 6:1, додека Бушар ја елиминира Романката Симона Халеп со 7:6, 6:2
За пласман во финалето во машка конкуренција утре во полуфиналето силите ќе ги одмерат Србинот Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров, односно Швајцарецот Роже Федерер и Канаѓанецот Милош Раониќ.