ЛА Лејкерс со голем пресврт до победа

Лос Анџелес Лејкерс ноќта кон средата во својот „Стејплес“ центарот ги совладаа Чикаго Булс со 103:94, иако имаа заостанување од дури 19 поени.

По лошото прво полувреме Лејкерс успеаја се’ да надоместат со играта што ја прикажаа во вторите две четвртини.

Лос Анџелес Лејкерс, кои сега имаат скор во победи и порази 8-10, од само 42 поени и 13 загубени топки во првото полувреме, дојдоа на 62 кошови и само една загубена топка во второто полувреме.

Меѓутоа, одбраната им беше постојана и ги ораничија Чикаго Булс, кој има сооднос од 3-12, на 38,3 отсто шут од игра во првите две четвртини, а во второто полувреме на само 28 отсто.

Најдобар стрелец кај Лејкерс беше Кајл Кузма со 22 поени од кои 4 „тројки“, а Кентавиус Колдвел-Поуп мечот го заврши со 21 поен, 9 скокови и 4 асистени. Тој беше клучниот човек на натпреварот откако во последните шест минути постигна 11 кошови на кои Булс немаа одговор.

Кај Чикаго Булс најдобар беше Дензел Валентајн со 17 поени, Ентони Блејкени додаде 15, а Робн Лопес 14 кошови.