Ла Лига планира првенствени натпревари во САД

Најсилната шпанска фудбалска дивизија Ла Лига во четвртокот објави дека планира во иднина да организира одржување првенствени натпревари надвор од Шпанија, и тоа во САД.

„Ла Лига и Релевент, мултинационална медиумска куќа, денеска објавија заеднички потфат чијашто цел е промовирање на фудбалот во САД и во Канада. Како дел од договорот, Ла Лига планира да организира одигрување регуларни првенствени натпревари во САД, првите коишто би ги играла надвор од Европа“, се наведува во заедничкото соопштение, во коешто, меѓутоа, не се прецизирано кога би бил одигран првиот натпревар.

Барселона и Реал Мадрид неодамна се вратија од претсезонските турнеи по САД, каде што играа пријателски натпревари против европските клубови Милан, Рома. Тотенхем и Манчестер Јунајтед на Меѓународниот куп на шампионите, турнир кој го организира Релевент.

Во јули 2017 година Барселона и Реал одиграа пријстелски „Ел Класико“ за кој беше распродаден „Хард Рок Стадион“ во Мајами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.