„Ла Верита“: Заев, социјалистот кој има врска со исламот, ја обвинува Италија за геноцид

ЕУ  го поддржува Македонецот кој не’ обвинува за воени злосторства против муслиманите во Албанија. Србите распоредуваат војска за да се заштитат од агресијата на Тирана, пишува Италијанскиот весник„ Ла Верита“.

-Италија повторно зазема улога на Балканот: Зоран Заев, лидерот на социјалистите во Македонија , за да ги зајакне односите со Србите, не’ обвинува за геноцид.  ЕУ не ни трепнува, закована во една опасна шема. Како резултат на политичката нестабилност во  Македонија, Србија започна во изминатите денови да го засилува присуството на војската на границата.  Владата на Белград не ги признава обидите за кршење на Уставот кои ги спроведува Заев во соработка со албанското исламско малцинството и се плаши дека политичката состојба во Македонија може целосно да излезе од контрола, пишува „Ла Верита“.

Заев е тој што, иако ги изгуби парламентарните избори во декември, благодарејќи на поддршката на европските социјалисти и на Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, успеа да ја преврти состојбата и да ја одземе власта од десно ориентираното мнозинство, пишува италијанскиот весник.

-За да успее во тоа, сепак мораше да ги прифати барањата на партиите кои го претставуваат албанското малцинство. Барањата, познати како Платформата од Тирана, подготвени во месец јануари под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама, силно ја поткопуваат актуелната институционална поставеност на земјата . Во Белград, каде загубата на Косово е се уште отворена рана, се плашат дека Албанците сакаат федерализација и  распарчување на унитарноста на Македонија со отворена поддршка на западните сили, на начин што ќе создадат трета албанска држава во светот, стои во анализата.

Загриженоста на политичарите на Балканот е веројатноста Албанците, координирани од Тирана, каде според доказите обезбедени од новинарот Џулиан Асанж на неговиот сајт Викилис, седи Премиер кој е отворено поддржан со капитал од Џорџ Сорос, а во минатото и од  американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, да го истуркаат проектот за Голема Албанија, унија на сите Албанци во една заедничка држава. Таквото сценарио би имало разорувачки геополитички ефекти на целиот европско-медитерански регион.

-Загрижен од таквото сценарио, Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, застана во одбрана на уставниот поредок одбивајќи, за сега, да му го даде мандатот на Заев во надеж дека ЕУ и меѓународната јавност ќе застанат во одбрана на принципот на правото. Сепак, се чини дека Иванов ќе остане комплетно изолиран имајќи во предвид дека токму дипломатските структури водени од Могерини се едни од причинителите на ваквата состојба. За да ги смири духовите, Заев оваа недела даде интервју за српски Курур. Во надеж да ја придобие српската јавност, Заев наместен пред иконографија со Исус , неколку пати нагласи дека Македонците и Србите се еден ист народ, со иста вера, и дека тој сака да донесе стабилност во регионот, правејќи ја Македонија социјалистичка и мултикултурна. Приклештен од новинарот признава дека Платформата од Тирана постои и дека предвидува обврска да се отвори дискусија за знамето, симболите и јазикот на земјата, но го минимизира сето ова потенцирајќи дека секоја демократија треба да настојува на дебата, пишува „Ла Верита“.

Но токму во обидот да се ослободи од обврската, предвидена во договорот за коалиција, да ја обвини Србија за геноцид извршен врз Албанците во периодот помеѓу 1912 и 1956 година, Заев ја демонстрира целата негова политичка незрелост.

-Тој, лидер на партија која е наследник на комунистичката партија на Југославија, признава дека постоел геноцид извршен од неговите политички претходници, но се обидува да се спаси сугерирајќи дека Италија која неколку пати има влезено на територијата на Македонија, е всушност вистинскиот виновник за десеткувањето на Албанците.  На прецизното прашање од српскиот новинар, дали во Платформата од Тирана, која тој мора да ја прифати за да може да формира коалициска Влада, постои експлицитна обврска за пријава на Меѓународнот суд на правдата за српската војска , Заев одговара: “Документот зборува за обврска за поднесување пријава за геноцид извршен од воените сили врз цивилното население во периодот помеѓу 1912 и 1945 година. Знаете како е, во овој период на територијата на Македонија имаше италијанска војска”.  За да биде сигурен дека го разбрал добро, новинарот настојува: “Значи не е прецизирано дека се работи за војската на Кралството Србија или подоцна на Југославија?”, пишува весникот.

И Заев, за да има мир на северната граница, бидејќи се очекува да стане Премиер во следните недели, признава дека е спремен  да ја направи Италија жртвено јаре како резултат на неговото непознавање на историјата и политиката: “Ниеден политичар не побарал никогаш такво нешто. На никој од нас не му оди во прилог да ги дестабилизира и наруши добрите односи со соседите”. Политичарот поддржан директно и индиректно од Италија од Ренци, и од Европа од Могерни, сега ја обвинува нашата Земја за геноцид. Генијален потег, нашиот. Не знаеме ни кога ни како ќе ни експлодира во раце, се заклучува во анализата на „Ла Верита“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.