Лаборант од Атланта ставен под надзор поради ебола

Лабораториски техничар од Атланта е ставен под контрола поради сомнение дека бил изложен на смртоносниоѕ вирус на ебола.

Техничарот работел во лабораторијата ЦДЦ во Атланта кога примерок од ебола по грешка бил однесен од една лабораторија во друга.

Лаборантот ќе биде под надзор на лекарите во следните 21 ден, наведува Би-Би-Си.

Портпаролката на Центарот вели дека не постои никаква опасност за луѓето од околината.

Директорот ЦДЦ, Том Фриден, меѓутоа, изјави дека е загрижен заради „инцидентот“.

– Наредив во целост да се испита секој аспект од овој инцидент и ЦДЦ да ги преземе сите неопходни мерки, рече првиот човек на оваа медицинска установа. Тој наведе дека не е прифатливо вработените да бидат изложени на ризици, а додаде дека унапредувањето на безбедноста во лабораторијата е од суштинско значење.

„Безбедноста на нашите вработени е наш најголем приоритет“, истакна Фриден.

Ова е најмалку вторпат годинава ЦДЦ да презема мерки за претпазливост по проблеми што настанале во безбедносните процедури во неговите лаборатории.

ФОТО: емагазин.мк