Откриена лабораторија за бомби во Унгарија, четири лица уапсени

Унгарските антитерористички единици (ТЕК) открија целосно опремена лабораторија за бомби. Елитните специјални сили во рацијата исто така уапсиле неколку терористи со „екстремистички религиозни убедувања“, пренесува „Дејли Експрес“.

Според антитерористичките единици, групата можела да изведе напади во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Групата, што ја сочинуваат двајца унгарски и двајца странски државјани со екстремистички религиозни убедувања би можела да има меѓународни конекции, вели Јанос Хајду директор на ТЕК.

Специјалните единици добиле анонимна дојава дека би можело да има оружје и бомби во автомобилот што го користеле припадниците на групата. Групата патувала кон Будмпешта во нивните автомобили, а биле уапсени на влезот од градот.

Откриена лабораторија за бомби во Унгарија, четири лица уапсени
Откриена лабораторија за бомби во Унгарија, четири лица уапсени

По апсењето…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.