Откриена лабораторија за бомби во Унгарија, четири лица уапсени

По апсењето бил направен претрес на куќата каде престојувале споменатите терористи. Внатре била најдена лабораторија, како и материјал за изработка на бомби. Покрај ова, полицијата открила и метални делови што се додаваат во експлозивите за постигнување на поголема разорна моќ.

Покрај ова, најден е апарат за гаснење пожар исполнет со експлозиви, гасна бомба, детонатор за експлозивни елеци и друга опрема што се користи за изработка на оружје.

Според Хајду, уапсените лица имале тенденција да изведуваат екстремни акции и тие припаѓаат на екстремистичка група, а нивната техничка подготвеност е исклучително сомнителна.

Постои можност тие да не сакале сами да го користат оружјето, туку да го изработувале за некој друг, вали Хајду.

Безбедносните сили во Унгарија ги засилија нивните активности по нападите врз Париз.