Лацио чека да или не од Џовани Трапатони

Трофејниот италијански стручњак, Џовани Трапатони, кој во минатото ја извршување и функцијата селектор на Италија и Р.Ирска, моментално важи за прв фаворит кога е во прашање испразнетата тренерска фотеља во редовите на римскиот калчолигаш Лацио.

Преговорите со искусниот стручњак се во почетна фаза, но сопственикот на “светлосините”, Клаудио Лотито се надева дека ќе успее да најде заеднички јазик со Трапатони до крајот на 2013 година и дека истиот ќе го предводи Лацио на првиот натпревар во 2014 година, кој е на програма на 6 јануари и во кој за противник ќе го има големиот ривал од Серија А, тимот на Интер.