Лацио, Марсеј, Лајпциг и Спортинг во четвртфиналето на Лига Европа

Откако на првиот меч на свој терен Лацио одигра 2:2, на реваншот во Киев римската екипа славеше над Динамо со 2:0, Марсеј победи и на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1 откако пред своите навивачи беше подобар со 3:1, Зенит и РБ Лајпциг во Санкт Петербург одиграа 1:1, со што германскиот претставник ги одбрани 2:1 од првиот дуел, додека Спортинг се избори за четвртфиналето во Лига Европа откако во возвратниот меч во Плзен по продолженијата загубија од Викторија со 1:2, одбранувајќи ги 2:0 од првиот меч.

Победата на Лацио над Динамо ЛКиев му ја донесоа Лукас во 23 и Стефан Де Вриј во 83 минута.

Олимпик Марсеј пласманот го избори со двете победи против Атлетико Билбао., По домашните 3:1, Марсеј во баскиската престолнина победи со 2:1. Головите за францускиот претставник во најмасовното фудбалско натпреварување на континентот ги постигнаа Димитри Паје од пенал во 38 минута и Окампос во 52 минута, додека домашните намалија во 74 минута преку Вилијамс.

Ова е првата европска гостинска победа на Олимпик Марсеј по четири ремија и три пораза и само три постигнати голови во претходните седум меча. Марсеј двапати стасуваше до финалето на поранешниот УЕФА куп и двата пати беше поразен, но во Лига Европа/Европска лига никогаш досега го немаше минато осминафиналето. Марсеј последен пат се изборија за пласман во четвртфиналето на некој европски куп во 2012 година кога загубија од минхенски Баерн во Лигата на шампионите.

Зенит и Лајпциг ремизираа со по еден постигнат гол, а германската екипа оди натаму благодарејќи на победата од 2:1 од првиот дуел. Гостите поведоа во 22 минута со голот на Жан-Кевин Огустен, а во последните моменти од првиот дека израмни Себастијан Дриуси. Во продолжението Зенит не создаде ниедна сериозна можност за гол, додека гостите имаа удар од белата точка во 82 минута, но ударот на Вернер го одбрани Андреј Лунев.

Спортинг се изнамачи во Плзен, мина иако беше поразен, но можеше и во регуларниот тек од мечот да слави севкупно, но Вас Дост во 90 минута не реализираше пенал, а португалскиот тим во текот на мечот и двапати имаше удари во стативите. Викторија одигра одличен натпревар и беше на чекор до сензација, но пресуди искуството и поголемиот квалитет на Португалците. Домашните поведоа во 6 минута со голот на капитенот Марек Бакош, а истиот играч во 65 минута го постигна и вториот гол со што ја анулираше предноста од првиот меч на Спортинг. Во последните секунди од мечот португалскиот претставник можеше да се пласира, но голманот Алеш Хрушка го одбрани ударот на Дост од пенал. Сепак, во 105 минута Родриго Батаља постигна гол за 2:1 што беше и конечниот резултат.

За чешката екипа ова беше трето учество во осминафиналето на Лига Европа и трето елиминирање, откако претходно испаднаа од Фенербахче во 2013 и Олимпик Лион во 2014 година.

Подоцна започнаа дуелите: Арсенал – Милан (2:0), Лион – ЦСКА Москва (1:0) и РБ Салцбург – Борусија Дортмунд (2:1).