Лацио уверлив против Каљари

Во последниот натпревар од 9-то коло на италијанското фудбалско првенство Лацио на римски „Олимпико“ го совлада Каљари со убедливи 3:0 (2:0).

Стрелци за „бјанкочелестите“ беа Имобиле во 7 минута од пенал и во 41-та, а во 49 минута гол постигна и Бастост.

Четвртопласираниот Лацио сега има 22 бодови, како и третиот Јувентус кој претходно во неделата како гостин го совлада Удинезе со 6:2, бод повеќе има вториот Интер, а три водечкиот Наполи. Каљари е во зоната на испаѓање, 16-ти со шест бодови.