Лацио во Торино го симна Јуве од врвот

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус со 1:2 беше поразен во саботата пред своите навивачи од Лацио во дербито од 8-то коло на Серија А.

Уште поболно е што „Старата дама“ го загуби натпреварот во кој поведе преку Даглас Коста во 23 минута. Но пота во второто полувреме, Лацио направи целосен пресврт со головите на Чиро Имобиле во 47 минута и во 54-та од пенал. Јувентус пропушти низа шанси за постигнување гол, вклучително и пеналот кој на Поало Дибала во седмата минута од судиското продолжение му го одбрани голманот на римјаните Стракоша.

За Јувентус ова е прв пораз сезонава и сега заостанува два бода зад Наполи, кој подоцна во другото дерби ѝ гостува на Рома. Лациоа со победата се качи на третото место и бодовно се изедначи со Јуве, имаат по 19 бодови.